Загадувањето од пластика стигна до Антарктикот

Пластичните честички ги освојуваат и најоддалечените делови на светот, а дали стигнале до Антарктикот треба да покаже неодамна започнатото истражување на Меѓународната агенција за атомска енергија и аргентинскиот антарктички институт.

Истражувањата покажаа дека пластични честички веќе постојат во некои делови на Антарктикот, во мразот под пет милиметри од површината, но најновата истрага треба да покаже колкаво е навистина загадувањето, објави гореспоменатата агенција.

„Користејќи ги методите на нуклеарната наука, можно е многу прецизно да се одреди количината на загадување на морското дно, но и од каде дошло загадувањето“, објасни Рафаел Маријано Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, додавајќи дека здравствената на Антарктикот е од суштинско значење за здравјето на планетата, пренесуваат светските медиуми.

Во неодамна започнатата истрага во која учествува и аргентинскиот мразокршач, врз основа на проучување на вода, седименти и измет од пингвини, експертите ќе се обидат да ја откријат количината на микропластика на Антарктикот.

Експертите предупредуваат на големото загадување на морињата и океаните, а меѓу најчестите загадувачи е пластиката која по правило исклучително тешко се распаѓа.

Треба да знаете
Последни објави