Како да знаеме дали пиеме доволно вода

Колку и да се обидуваме, повеќето луѓе не пијат доволно вода на дневна основа. Одржувањето на правилна хидратација е исклучително важно. Ја контролира телесната температура, ги доставува хранливите материи до клетките и ја одржува функцијата на органите и менталната острина.

Постојат неколку показатели кои ни даваат до знаење дека на телото му недостасува вода, но експертите се согласија дека постои еден што често го занемаруваме.

Според др. Дани Коен, најдобар показател дали на телото му недостасува вода е бојата на урината.

„Најдобриот начин да се измери нивото на хидратација е исклучително едноставен: зачестеноста и бојата на урината. Треба да одите во тоалет на секои два до три часа кога сте будни, а ако не одите, веројатно сте дехидрирани“, објаснува тој.

Тој додава дека бледожолтата урина е добар показател дека пиете доволно вода. Ако е темно жолта, портокалова или кафена, тоа значи дека не пиете доволно. Од друга страна, ако урината е проѕирна, тој објаснува дека тоа е знак дека сте прехидрирани и пиете повеќе вода отколку што ви треба, пренесува порталот People.

Друг очигледен показател дека на телото му недостасува вода е жедта.

“Најчест знак за несоодветна хидратација е чувството на жед. Ако постојано чувствувате жед, тоа е показател дека на вашето тело му треба повеќе течност”, објаснува др. Патрик Картер. Сепак, Картер истакнува дека чувството на жед може да биде поврзано и со други медицински состојби, како што е дијабетесот.

И двајцата лекари истакнуваат дека вртоглавица, замор, главоболка, грчеви во мускулите и чувство на слабост се знаци на дехидрација. Тие додаваат дека правилната хидратација зависи од поединецот, но општото упатство е да се пијат осум чаши вода дневно, пренесува People.

Треба да знаете
Последни објави