ЛДП: Неодговорното однесување на ВМРО- ДПМНЕ го доведува во прашање изборот на техничка влада

Имаме одговорност како политичари сите да учествуваме во изборот на техничката влада која има за цел да го гарантира успехот на изборите, велат од Либерално демократската партија. 

„Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од гласање за техничката влада и да говори дека истата нема да има легитимитет. Доколку ВМРО ДПМНЕ не ги гласа министрите што сами ги предлагаат зашто ние би ги гласале истите? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?”, прашуваат од ЛДП.

Според нив нелогично е другите политички партии како и ЛДП да им дадат поддршка на нивните министри кога тие самите велат дека нема да си ги поддржат предлозите кои ги даваат.

„Потсетуваме дека со игрите кои ги води ВМРО- ДПМНЕ самите свесно го доведуваат во прашање целиот процес на избори”, реагираат од ЛДП.

Како што додаваат несериозни се изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не е потег на партија која и мисли добро на државата, се наведува во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави