Ракометната репрезентација на Унгарија славеше над Хрватска со 29:26 во вториот меч од програмата на Европското ракометно првенство.
Првото полувреме мина во знакот на Унгарија, која имаше постојано водство, но во вториот дел Хрватска се врати резултатски во игра и се до самиот финиш се играше израмнет натпревар.
Најефикасен кај Унгарија беше Имре со седум голови, додека Главаш и Лучин постигнаа по пет за Хрватска.
Хрватите се на петтата позиција во групата 1 со еден освоен бод, додека Унгарија е втора со четири бода.