ВМРО-НП предлага укинување на моделот на техничка влада

ВМРО-Народна партија уште во 2019 година предложи модификување на веќе истрошениот модел на „техничка влада“ со скратување на времетраењето на истата поради одземање на премногу време и намалувањето на просторот за работа на претходно избраната власт, соопштија од партијата.

-Овојпат ВМРО-Народна партија предлага целосно укинување на моделот на „техничка влада“ поради неуставното одземање на временскиот период (од три месеци) на легитимно избраната власт, а со тоа и скратувањето на просторот за работа, велат од ВМРО-НП.

Оттаму додаваат дека уште позагрижувачки е што ваквиот модел го руши и имиџот на „зрела држава“ особено поради фактот што Република Северна Македонија е земја – кандидат за членство во Европската унија, простор во кој мора да се преслика работа на демократски созреана држава која е спремна да се носи со демократските предизвици, а водена од демократските принципи врз кои функционира и се управува.

Треба да знаете
Последни објави