Ј.П. Македонијапат со предупредување до учесниците во сообраќајот поради врнежи од снег

Во текот на престојните денови од 20.01.2024, до 21.01.2024 (сабота и недела), согласно временската прогноза од УХМР, се очекува значителна промена на временската состојба во државата –  обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер.

Апелираме до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја  прилагодат брзината спремаусловите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен , во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат  проодни.

Треба да знаете
Последни објави