(Видео) Авион од Скопје направи хаос на аеродромот во Белград

Вистински хаос се случува вечерва на Меѓународниот аеродром „Никола Тесла“ во Белград,

Според неофицијалните информации, проблемот настанал при безбедносна проверка на патници, меѓу кои имало од Македонија, а кои по слетување влегле во автобус кој по грешка ги однел на погрешна аеродромска капија.

Авионот полетал од Македонија, а слетал во Белград. Тие биле однесени во транзитна зона, а протоколот во вакви ситуации налага српско МВР да изврши вонредна контрола.

Поради тие причини, во тек е евакуација на сите патници од аеродромската зграда и сите ќе мора повторно да ја поминат безбедносната контрола која веќе еднаш ја поминале, пишува неофицијално српски Блиц и додава дека тоа би можело да предизвика одложување и забавување на авионскиот сообраќај од аеродромот во Белград.

Треба да знаете
Последни објави