Министри, директори и високи партиски функционири ќе се најдат на високи позиции на пратеничките листи на СДСМ?

Политичките партии веќе извесен период прават калкулации за тоа со каква кадровска понуда ќе излезат на парламентарните избори на осми мај.

24инфо.мк веќе пишуваше за тоа како би изгледале листите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните носители по изборни единици, а првичните информации што стигнуваат од оваа партија говорат дека таа ќе излезе со добро познати личности како кандидати за пратеници.

Што се однесува до СДСМ, таму главниот фокус се уште е околу тоа дали оваа партија ќе настапи со досегашната коалиција или пак можеби ќе биде дел од Европскиот фронт, односно заеднички листи со ДУИ и Алијанца на Албанците.

Но како и да оди, според првичните инфомации и предлозите што стугнувале по општинските организации, високи партиски функционери, ќе заземат носителски, односно високи позиции на пратеничките листи.

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, самиот потврди дека ќе се најде на носителската позиција во првата изборна единица, таму веднаш зад него се очекува да се најде и заменик претседателката на партијата Сања Лукаревска а најверојатно таму ќе се најде и генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Почесните места во ИЕ2 ќе бидат резервирани за Оливер Спасовски и потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи.

Во третата изборна единица можен носител би бил министерот за земјоделство Љупчо Николовски, додека најголема енигма е четвртата изборна единица, каде сега за сега се издвојува екс министерот за здравство Венко Филипче.

Во петтата изборна единица високо котираат потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и координаторот на пратеничката група Јован Митрески, додека добитна позиција во шестата изборна единица се очекува да има министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од тоа како СДСМ ќе настапи на изборите ќе се знае и како конкретните имиња ќе се распределат по пратеничките листи, но пред тоа, партијата ќе треба да излезе и со конкретен предлог за претседателски кандидат.

Треба да знаете
Последни објави