Ќе се разбудли ли Скопје утре без јавен автобуски превоз?

На Скопје повторно му се заканува опасност да остане без јавен превоз, откако синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, за утре најави дека автобусите нема да возат, бидејќи не добиле плата за декември.

Освен брза исплата на декемвриската плата, од Синдикатот бараат и редовна исплата на платите за 2024 година.

Во синдикатот се разгледува можноста за пуштање во сообраќај по еден автобус на сите линии за превоз на основците и средношколците, бидејќи од утре почнува второто полугодие.

За утре е закажана седница на Советот на Град Скопје, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

Инаку скопјани минатата година веќе беа без јавен автобуски превоз откако синдикатот на ЈСП штрајкуваше, а приватните превозници воопшто не возеа поради неисплатени долгови од страна на Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави