Забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информира утрово Автомото Сојузот на Македонија. АКТИВНИ ЗАБРАНИ: Планински премини Стража, Маврово, Ѓавато и Плетвар; Патен правец Струмица – Берово; патен правец А2 Струга – ГП Ќафасан; с. Рогачево до ГП Јажинце; На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири); УПОТРЕБА ЗА ЗИМСКА ОПРЕМА: Задолжителна е зимска опрема за сите возила на патниот правец кон граничен премин Делчево.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Треба да знаете
Последни објави