Светскиот тениски рекет број еден, Србионот Новак Ѓоковиќ се прикажа во вистинско светло на годинашниот прв сезонски гренд-слем турнир Австралија опен во осминафиналниот дуел со Французинот Адријан Манарино кого го совлада со 3:0 во сетови (6:0, 6:0, 6:3).
Бранителот на титулата во Мелбурн, Ѓоковиќ својот ривал, 19-то рангиран тенисер во светот Манарин го совлада за само 104 минути игра. Најдобриот тенисер на денешницата во походот кон 11. титула од Австралија опен и 25. гренд-слем титула започна бурно против Манарин. Французинот во првите три кола одигра пет сета, а потоа во четвртиот ги загуби првите 13 гема.
Српскиот тенисер беше перфектен во првите два сета, двата ги доби со по 6:0, во третиот последен сет, Французинот успеа да освои три гема, беше 6:3 и победа од 3:0 за Ѓоковиќ.
Ова беше најкраток меч на Ѓоковиќ на Австралија опен. Претходно, против Ечевери играше 2 часа и 36 минути, а во првите две кола на теренот помина 3:30, односно 4:10 часа. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против дванаесеттиот носител Тејлор Фриц кој забележа осминафинална победа во четири сета (3:1) над Стефанос Циципас.