Ѓорѓе Давид: Налетав на лице кое шеташе во автопатот !

Музичарот Ѓорѓе Николиќ попознат како Ѓорѓе Давид од жирито во „Ѕвездите на гранд“, кој синоќа беше еден од учесниците во сообраќајната несреќа пред граничниот премин Табановце, а во која едно лице загина, се огласи да појасни што се случило во кобните моменти. -Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри пред македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот придружник се симнале од своето место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судри со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во нивниот автомобил е згмечена, полесно повредена. Но, нејзиниот сопатник не – раскажал Ѓорѓе на Гранд и продолжил: -По несреќата останаа на автопатот, едниот беше на левата лента, другиот на десната, а минута и пол подоцна со брзина пропишано со знакот на автопат налетав на нив и директно ги удрив. Удрив сопатник кој се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене.

Треба да знаете
Последни објави