(Видео) Во гранатирање на пазар во Донецк загинаа најмалку 25 лица

Најмалку 25 лица загинаа во гранатирањето извршено на пазар на украинскиот град Донецк кој е под руска контрола, изјави проруски регионален лидер Денис Пушилин. Според него во украинскиот напад покрај загинатите има и 20 повредени лица. Спасувачките екипи се на местото на настанот и бројот на загинати и ранети може да се промени како што се добиваат нови информации. Украина се уште не го коментирала нападот. На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа од луѓе кои лежат во локви крв, најверојатно мртви.

Се огласи руското Министерство за надворешни работи од каде велат дека тоа е варварски напад врз цивили.

Треба да знаете
Последни објави