Партијата за движење на Турците на претстојните избори ќе поддржи соработка за брза интеграција во ЕУ

Извршниот одбор на Партијата за движење на Турците (ТХП) одржа седница на којашто на дневен ред беше актуелната политичка состојба во земјава и претстојните претседателски и парламентарни избори. 

Полноправното членство во ЕУ е повеќедецениска стратешка определба, а мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на нашето општество се носечките столбови на нашата земја и за вакви суштински теми има потреба од консензуален пристап.

Во согласност со принципите и програмските определби, ТХП има јасни црвени линии за политичко коалицирање за следните избори: залагање за брза интеграција во ЕУ, соодветна политичка претставеност на турската заедница, преземање на чекори за зголемување на довербата на правосудниот систем. 

ИО го овласти претседателот на ТХП, Енес Ибрахим да ги води преговорите за идно коалицирање.

Треба да знаете
Последни објави