Синдикатот на ЈСП одлучи: Јавен превоз утре ќе има од 4.30 до 9.00 часот наутро

Синдикатот на ЈСП попладнево донесе конечна одлука во врска со најавениот штрајк за утре.

Според последната одлука, утре автобусите на ЈСП ќе возат од 4.30 до 9.00 часот наутро, по целиот колектив ќе стапи во штрајк.

После тоа тие ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје и дали ќе се одобрат средства за ЈСП.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Ако парите стигнат на сметка на Јавното претпријатие, возачите ќе се вратат на своите работни задачи и автобусите ќе се вратат на терен.

Треба да знаете
Последни објави