Нивото на Охридско Езеро е седум сантиметри над просекот за јануари

Нивото на водата во Охридското Езеро измерена утринава е 693.42 (м.н.в), односно седум сантиметри над просекот за јануари кој изнесува 693.35 (м.н.в), покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Нивото на Охридското Езеро е моментално 25 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 32 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в).

Треба да знаете
Последни објави