Починала девојката поради која авион принудно слета во Белград, правела операција на намалување на желудникот во Турција

Девојка (20) од Велика Британија почина во Белград откако авионот со кој се враќала од Истанбул во татковината принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“.

Според информациите, таа се враќала во татковината по операција на намалување на желудникот во Турција.

Авиокомпанијата потврди за порталот Aero.rs дека авионот кој летал од Истанбул за Лондон морал да слета во Белград бидејќи на еден од патниците му се слошило.

-Здравјето и безбедноста на нашите патници се приоритет, а патникот го напуштил авионот за да добие итна медицинска помош. Неверојатно сме со тага кога слушнавме дека патникот починал по лекувањето и нашите мисли во овој момент се со семејството – соопшти WizzAir.

Треба да знаете
Последни објави