Во момнетов се уште трае протестот на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие.
Тие утрово во 9.00 часот го прекинаа работењето и дојдоа пред бараките на Град Скопје искажувајќи го својот револт од доцнењето на декемвриската плата.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/01/5a669a34-0f9e-4242-bbe4-695d2863f6a1-1024x766.jpg)
Внатре пак, во просториите на Градот, Советот расправа и одлучува за исплата на субвенциите кон ЈСП.
Од одлуката и од исплатата зависи кога вработените во ЈСП ќе се вратат зад воланите и автобусите ќе почнат да сообраќаат низ градот.
Во меѓувреме, граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат на работа, на училиште, лекар или да завшрат некој своја обврска.