Ватикан осуди свештеник на две ипол години затвор за сексуално злоставување момче

Апелацискиот суд во Ватикан денеска осуди католички свештеник на две ипол години затвор за сексуално злоставување малолетник за време на црковен семинар за млади пред повеќе од 10 години.

Пресудата против свештеникот Габриел Мартинели во случајот познат како „случајот на момчињата од хорот на папата“ е првата пресуда за злоупотреба во Ватикан, пренесува Анса.

Мартинели беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба, а колегата Енрико Радиче беше обвинет дека не ги спречил незаконските постапки на Мартинели и не го пријавил кај претпоставените, соопштија обвинителите.

Радиче и Мартинели претходно беа ослободени, а овојпат се докажа дека Мартинели малтретирал момче во хорот во периодот од 2010 до 2012 година.

Римските обвинители, исто така, покренуваат обвинение против двајца други мажи, чиј идентитет сè уште е непознат, додаде Анса.

Треба да знаете
Последни објави