Во Мексико стотици луѓе ги напуштија своите домови поради судир меѓу картелите

Стотици луѓе ги напуштија своите домови во јужната мексиканска држава Чиапас додека два ривалски картели се борат за контрола на патиштата за криумчарење дрога и мигранти.

Локалните власти соопштија дека повеќе од 700 луѓе ги напуштиле своите населби кон границата со Гватемала.

Картелот „Халиско нова генерација“ се бори за превласт со картелот „Синалоа“.

Десетици луѓе се убиени во овој конфликт во последните недели, јавува РСЕ.

Чиапас е најсиромашната држава во Мексико со големо домородно население.

Нарко картелите како „СЈНГ“ и „Синалоа“ се инфилтрираа во регионот поради неговата близина до границата со Гватемала и важните транзитни рути за мигрантите, од кои изнудуваат пари, како и патиштата за шверц на кокаин.

Жителите на Чикомуз изјавија дека 20 лица, 18 членови на банда и двајца локални жители, биле убиени во судирите на картелите на 4 јануари.

Локалните жители рекоа дека морале да се кријат во своите домови бидејќи куршумите летале низ нивните домови за време на седумчасовната престрелка која започнала непосредно пред пладне по локално време.

Војската е распоредена во регионот, но локалните жители велат дека сега се фатени во вкрстен оган додека безбедносните сили се судираат со картелите.

Цели семејства ги напуштија своите домови во последниве денови и го преминаа блиското езеро Ангостура со брод за да се спасат од насилството.

Треба да знаете
Последни објави