Жена измамена за илјадници евра откако му уплаќала пари на лажен банкар, кој ѝ ветил кредит

57годишна жена од Кавадарци вчера пријавила во полициска станица дека била измамена за поголема сума на пари од страна на лице кое и се претставило дека е претставник на странска банка, со Балканско претставништво,   пренесе Фокус.

Тој и ветил дека ќе и помогне да добие кредит со ниска каматна стапка, но првин барал таа да му уплати пари.

Во рок од еден месец, жената во повеќе наврати му уплатила суми од по 270 евра на лажниот банкар, а тој и барал да уплаќа уште.

Откако не добила кредит, сфатила дека е измамена, па случајот го пријавила во полиција.

Од СВР Велес преземаат мерки за расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави