Ковачевски потврди: Од четврток во 10 часот, Владата ќе биде во оставка 

Во четврток околу 10 часот наутро цела влада ќе биде и никој од министрите нема потреба да поднесува било каква оствка, бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Оставката ќе се случи ден пред собраниската седница која е закажана за во петок, по што следи формирање на техничката влада во времетраење од најмалку 100 дена.

На собраниска седница ќе треба да се избере и нов претседател на Собранието а тоа ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, а актуелниот, Талат Џафери ќе го добие мандатот за премиер на државата.

Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари.

Треба да знаете
Последни објави