Кривична пријава е поднесена против полициски службеник А.Т. од Охрид осомничен за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавата до Основното јавно обивнителство за гонење организиран криминал и корупција ја поднел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. -Во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, пријавениот при преземање службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над К.Н. од Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. МВР наведува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.
