Детали за сообраќајната несреќа во која загина тригодишно дете во Србија

„Беше преслатко девојче, секогаш среќно како и секое дете. Голема трагедија, не знам како семејството ќе ја преживее. Секогаш беше насмеана, си играше цело време во селото“, вели соседот на семејството на триодишното девојче, кое утрово загина во несреќа кај српскиот град Брус. „Од она што го слушнав, мајката отишла на работа, а ќерката морало да ја носи во градинка. Излетала од патот во реката. Нејзе ѝ е најтешко, го изгуби малото девојче“, вели соседот. Како што вели, нејзиниот сопруг поминал покрај местото на трагедијата и наишол на грозоморни сцени. „Автомобилот сè уште е во реката, се обидуваат да го извадат. Сите сме во шок, кутро дете“, вели таа. Трагедијата се случи утринава во 10.20 часот во селото Милентија. Според „Блиц“, од болницата во Крушевац велат дека мајката има тешки физички повреди поради што е препратена на понатамошно лекување во Универзитетскиот медицински центар во Ниш.

Треба да знаете
Последни објави