Синер закажа полуфинален мегдан во Мелбурн со Ѓоковиќ

Италијанецот Џек Синер е вториот полуфиналист на првиот сезонски гренд-слем тениски турнир Австралија опен откако во четвртфиналната пресметка го совлада Русинот Андреј Рубљов со максимални 3:0 во сетови. Иако резултатот говори убедлив триумф Синер, добро се испоти за да стигне до полуфиналето, каде го очекува пресметка со првиот носител и најдобриот тенисер на светото Србиониот, Новак Ѓоковиќ. Италијанецот го доби првиот сет со 6:4, но потоа се соочи со големи проблеми во вториот дел од мечот. Рубљов не искористи дури шест брејк-шанси во неколку гејма за да стигне до брејк, а кога почна тајбрејкот Русинот се чинеше многу блиску до освојување на сетот. Имено, Рубљов имаше предност од 5:1, но Синер тогаш блесна, освои шест поени во низа и со голем пресврт поведе со 2:0 во сетови. Рубљов имаше шанса за брејк и на самиот почеток од третиот сет, но откако и тоа не го искористи, Синер во шестиот гејм стигна до брејк отворајќи си го патот кон полуфиналето, прво за него во Мелбурн во кариерата. Синер и Ѓоковиќ одиграа два извонредни меча на завршниот турнир во Торино пред крајот на 2023 година, на првиот во групната фаза славеше Италијанецот, но затоа Ѓоковиќ го доби големото финале неколку дена подоцна и се закити со трофејот.

Треба да знаете
Последни објави