(Видео) Заев донираше уште едно амбулантно возило на општата болница во Струмица

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше уште едно амбулантно возило за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата д-р Венко Филипче, и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица д-р Катерина Кузмановска, а на чинот на примо-предавање присуствуваше и заменик министерот за здравство д-р Маја Манолева.

Донацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти, а на истата, во 2020 и 2021 год., ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви.

Треба да знаете
Последни објави