Во недела во Скопје саем за вработување во Хрватска

На 28.01.2024 година, со почеток во 12 часот во Хотел ЛИМАК во Скопје ќе се одржи саем за вработување во Хрватска

„За прв пат во Скопје се организира саем за вработување во Хрватска кој ќе ги пренесе искуствата, правните рамки и техничките делови кон патот кон вашата идна работна кариера.

Она што овој настан го прави поразличен е што за прв пат преставници од Хрватската Стопанска комора и Хрватската Занаетчиска комора ќе ги престави од прва рака сите аспекти за вработување во Хрватска во рамки на угостителската гранка.

Во првиот блок на настанот посетителите ќе имаат можност да се запознаат со искуства од претходни години за работа во Хрватска, правни рамки на функционирање и работа во Хрватска како и осигурување и бенефитите на работници за време на работење во оваа земја. Ќе се зборува и за техничките предизвици и функционирања на ваквиот вид вработувања и ќе се одвои време каде што самите посетители ќе можат да добиат одговор на прашањата кои ги имаат во однос на овие точки.

Вториот блок ќе даде осврт на патот и начинот на вработување во Хрватска преку работата на агенцијата за помош при вработување во Хрватска Croatia Connect. Посетителите ќе можат да чујат за понудите и начинот на функционирање на агенцијата како и да добијат одговор на прашањата поврзани со нивното идно вработување.

Хрватска во последните неколку години стана центар на угостителството и туризмот на светски рамки, што придонесе и кон привлекување на голем број угостители, вклучувајќи и угостители од нашата земја, што ја градат својата кариера токму тука. Дубровник, како град на голем број ресторани, хотели и барови кој влегуваат во рамките на светски високо признаени угостителски објекти со сигурност можеме да кажеме дека е град – лидер во оваа свера.

Ги повикуваме сите заинтересирани угостители или луѓе кој сакаат да учат за оваа професија од врвни ментори и тимови да дојдат на самиот настан и да слушнат од прва рака за бенефитите и условите за работа во Хрватска, стои во поканата.

Треба да знаете
Последни објави