Зверев му го прекина сонот на Алкараз за финале со Ѓоковиќ во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев го одигра својот најдобар меч во последните неколку години против Шпанецот Карлос Алкараз (3:1 во сетови, 6:1, 6:3, 6:7/2 и 6:4). ) во денешното четвртфинале на првиот сезонски гренд-слем турнир Австралија Опен и се пласира во полуфиналето, каде ќе излезе на мегдан со Русинот Данил Медведев. Втората полуфинална двојка ќе биде дуелот меѓу првиот светски рекет и актуелен бранител на трофејот во Мелбуерн, Србинот Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Јаник Синер.

На почетокот од дуелот меѓу Зверев и вториот светски рекет Алкараз кој дојде со амбиции да ја прекине доминацијата на десеткратниот победник во Мелбурн, Ѓоковиќ, се виде дека Шпанецот нема ден. Германецот беше во елемент и за три часа игра му го распипа сонот на Алкараз да игра финале со Ѓоковиќ во Мелбурн. Првиот сет Зверев го доби со 6:1, во вториот со 6:3, а третиот во тајбрејк му припадна на Алкараз 6:7. Мечот беше решен во четвртиот сет кој му припадна на Зверев со 6:4.

Треба да знаете
Последни објави