Маричиќ: Холандија е наш стабилен партнер во евроинтеграцискиот процес

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба со амбасадорoт на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во Северна Македонија. 

На средбата, се разговараше за взаемната определба за унапредување на постоечката соработка со Холандија во клучните области посветени на реформите во пристапните преговори.

 ​Северна Македонија и Холандија забележуваат долгогодишно партнерство и сојузништво во спроведување на целовкупниот евроинтегративен процес на нашата држава. 

Треба да знаете
Последни објави