Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не се согласува со ставот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се противи на решението за две држави меѓу Израелците и Палестинците.
„Италија секогаш повторуваше дека палестинскиот народ има право на сопствена држава, која е независна и безбедна“, рече Мелониева во италијанскиот парламент.
Според неа, тоа е „праведно и неопходно решение“ кое е во интерес на двата народа.
„Поради оваа причина не го делам ставот на израелскиот премиер“, истакна Мелони.
Сепак, таа додаде дека предуслов за тоа е палестинското признавање на правото на постоење на еврејска држава и правото на нејзините граѓани да живеат во мир и безбедност.