Продолжуваат нападите на израелската армија врз Кан Јанис

Израелската армија денеска ги продолжи нападите врз опколениот Кан Јунис, а повторена е наредбата за евакуација од градот, во кој живеат половина милион жители и голем број раселени лица.

Наредбата за евакуација уследи откако Светската програма за храна на Обединетите нации предупреди дека Палестинците во Појасот Газа се соочуваат со „катастрофален недостиг на храна“, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го критикуваше Израел во Советот за безбедност дека отфрла решение за конфликтот со две држави, оценувајќи дека тоа ќе го продолжи судирот на неодредено време.

Претставници на организацијата Лекари без граници изјавија дека не можат да ја исполнат наредбата на Израел за евакуација на болницата бидејќи насекаде се слушаат експлозии на бомби и силни пукотници.

Канцеларијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас ги осуди, како што ги нарече, „опасните барања“ жителите да одат на југ и предупреди дека Израел планира да ги исели Палестинците од нивните домови и дека тоа ќе доведе до непредвидливи последици.

Треба да знаете
Последни објави