Регионалниот пат Велес-Градско затворен од 09 до 16 часот

Вe известуваме дека поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 24.01.2024 г., ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави