Го посакуваат Севилја, Вилјареал, Валенсија, Бетис, ама Димитриевски останува на голот кај Рајо

Македонскиот репрезентативен фудбалски голман Столе Димитриевски пред да го заврши тековниот догворо со шпанскиот Ла-Лигаш Рајо Ваљекано, ќе потпише нов. Според шпанските медиуми иако за Димитриевски интерес покажуваат да го видат во своите редови Севилја, Вилјареал, Бетис и Валенсија.   „Ел Чирингито“ пишува дека искусниот 30-годишен чувар на мрежата Димитриевски одлучил да остане во Рајо каде е среќен и има гарантирано место меѓу стативите. Продолжувањето на соработката со клубот од мадридската населба Ваљекас сигурно ќе му донесе поголема заработка. Според информациите од сајтот „Capology”, Димитриевски во моментов заработува околу 660.000 евра годишно. 

Актуелниот договор со Рајо на Димитриевски истекува на крајот од оваа сезона на 30 јуни 2024 година. Димитриевски е во Рајо од 2019 година, а претходно настапуваше уште за Гранада, Кадиз, Тарагона и Гимнастик. Во Шпанија пристигна пред скоро дванаесет години.

Треба да знаете
Последни објави