Пожар избувна во кинескиот трговски центар во Белград, повеќе од 50 пожарникари на терен

Во кинескиот трговски центар лоциран во блок 70 во Нов Белград утринава избувна пожар. Причината за пожарот се уште не е позната, огромен чад го прекрил целиот блок, а на терен излегле повеќе од 50 пожарникари

На местото на настанот се упатени над 50 пожарникари-спасувачи со 13 возила, а интервенцијата е во тек.

Според тамошните медиуми на местото на пожарот се слушнала експлозија.

Средината на стариот кинески трговски центар гори како пред две и пол години, кога зградата ја зафати огромен пожар, кој го изгаснаа 63 пожарникари со 22 возила, пренесуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави