Регионална конференција во рамки на проектот „Шанса за тебе“

Центарот за развој на Скопскиот плански регион организира дводневна заедничка прекугранична Конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор во областа на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничата област на Србија и Северна Македонија.

Конференцијата во Скопје, како што посочуваат организаторите, е значаен чекор во насока на подобрување на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија, за економски стимул на државата, како и за сегашните и идните „мостови“ на соработка меѓу двете соседни земји и зајакнувањето на вработливоста во нивните регионални области.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Шанса за Тебе“, финансиран од ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија и земјите учеснички.

Проектот е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Центарот за развој на скопскиот плански регион – Северна Македонија, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ Лесковац, и Општината Власотинце, Србија.

Треба да знаете
Последни објави