Севилја во ангажманот на нови играчи ќе има помош и од вештачката интелигенција

Шпанскиот фудбалски ла-лигаш Севилја во иднина ќе бара нови играчи со помош на вештачка интелигенција. Рекордерот по бројот на освоени трофеи во Лигата на Европа, Севилја во иднина ќе ја користи платформата Скаут Адвајзер на компанијата Ај-Би-Ем. Ова го објави компанијата Ај-Би-Ем на својата официјална страница. Вештачката интелигенција ќе состави листа на фудбалери кои би биле идеално засилување за клубот на основ на вистина, тежина, брзина, бројот на голови и одиграни минути, и ќе испрати извештај до скаутите на овој клуб. -Возбудени сме поради соработката со компанијата Ај-Би-Ем, и овој проект може да биде пресврт за нашиот клуб како и за целиот спорт“, вели Хозе Марија дел Нидо Караско, претседател на Севилја.

Треба да знаете
Последни објави