Судиската комисија при Ла-Лигата призна дека ВАР направил две грешки во корист на Реал Мадрид!

Судиската комисија при шпанската фудбалска Ла Лига, денеска потврди дека и покрај ВАР технологијата направени се две грешки во корист на Реал Мадрид против последнопласираната Алмерија, која „кралевите“ ја совладаа со пресврт (3:2) пред своите навивачи иако имаа негатива од два гола. Она што го виде и го коментираше деновиве фудбалската јавност, само не и членовите и навивачите на Реал Мадрид е потврдено од стручни лица задолжени за примената на фудбалските правила, што може само да биде мала сатисфакција за Алмерија. Во првиот случај за пеналот на Реал. Факт е дека имало играње со рака на фудбалерот на Алмерија, но претходно имало фаул од Ридигер и Хоселу врз гостински играчи. Значи ВАР требало да ја врати снимката малку поназад, се вели во анализата. Вториот случај е голот на Винициус и неговото играње со рака. Кога нема доволно добри и квалитетни снимки тогаш ВАР не смее да го повикува главаниот судија и да му сугерира одлуката да ја поништи.

Треба да знаете
Последни објави