(Видео) Киев го обвини српскиот актер Биковиќ дека поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право

Српскиот актер Милош Биковиќ со завидна кариера во Русија постигна голем успех, па ќе се појави во третата сезона на популарната серија на Ејч-би-о, White Lotus, која предизвика коментари и во Украина. Милош Биковиќ, српски актер, кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на White Lotus на Ејч-би-о“, објави украинското министерство на „Твитер“. Во објавата има и снимки на Биковиќ со разни реплики во филмови, изјави за Русија, како и награди што ги добивал во Србија и Русија. „Дали е во ред да се работи со личност што поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право“, е прашањето што Украинците го испратија до платформата Ејч-би-о.

Треба да знаете
Последни објави