Жена во Калифорнија преживеа 14 часа на покрив од поплавен и превртен автомобил

Полициски службеници од Дел Вале, Калифорнија со хеликоптер префрлиле жена на безбедно, откако нејзиниот автомобил влетал во надојдена река, пишува Би-би-си.

Жената преживеала откако се качила во нејзиниот автомобил и ја поминала ноќта таму додека следното утро не била забележана од луѓе кои кампувале во близина. Службите соопштија дека жената поминала 14 часа на покривот од својот автомобил.

Таа била пренесена во локалната болница со полесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави