Навивачите на Ливерпул за наследник на Клоп го посакуваат Алонсо

Треофејниот германски фудбалски стручњак Јирген Клоп денеска ја изненади спортската јавност во веста дека си заминува од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул на крајот од сезоната, па се отвори темата кој ќе биде неговиот наследник на клупата на „Енфилд“. Прв избор на навивачите на Ливерпул е шпанскиот стратег Чаби Алонсо. Поранешниот играч на Ливерпул стана успешен тренер во гермнаскиот фудбал, каде во моментов има неверојатна серија без пораз сезонава со бундеслигашот Баер Леверкузен. Чаби Алонсо веќе покажа дека е голем тренер, па се чини дека токму тој би бил идеално решение за наследник на Клоп. Алонсо за Ливерпул одигра пет сезони, од 2004 до 2009 година кога се пресели во Реал Мадрид. Покрај Алонсо, слободни тренери кои би можеле да бидат кандидати за наследник на Клоп се Жозе Мурињо и Антонио Конте.

Треба да знаете
Последни објави