Водата од градскиот водовод во Охрид е безбедна за пиење

Резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид е здвавствено и безбедна за пиење. Ова го покажале анализите од земени примероци по делимичното санирање на дефектот на главната водоводна цевка во Охрид (24.01.2024). Анализите направени во лабораториите на Центар за јавно здравје во Охрид покажуваат дека сите испитувани параметри се во граници на законски дозволените вредности и водата е здравствено безбедна за пиење.

Првични физичко-хемиски анализи на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, кои беа земени и анализирани и изминативе два дена покажаа дека немаше отстапување од законски дозволените вредности на соодветните параметри, вклучително и параметарот матност.

Во сите контролирани примероци на вода за пиење констатирано беше и присуство на дезинфекционо средство.

Треба да знаете
Последни објави