Шарл Мишел потврди дека нема да се кандидира на изборите за Европскиот парламент во јуни

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска потврди дека нема да се кандидира на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Влегов во политичкиот живот пред 30 години. Оттогаш учествував на речиси сите избори во Белгија, на различни нивоа на власт – локално, провинциско и федерално. Во изминатите четири години бев претседател на Европскиот совет, по одлуката на 28 шефови на држави или влади во 2019 година“, напиша тој во изјавата на својата Фејсбук страница.

Мишел изјави дека секогаш ќе биде жесток поддржувач на Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина и дека на крајот од овој мандат ќе размислува за природата и насоката на неговите идни обврски.

Треба да знаете
Последни објави