Претрес во липковско, пронајдени пиштол и бомба, приведено едно лице

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Ф.К. (21) од село Лојане, липковско.

При претрес во домот на неговиот брат М.К. во Лојане, извршен по судска наредба, Ф.К.бил затекнат таму и биле пронајдени рачна бомба и пиштол.

Ф.К.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави