Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски им додели благодарници на досегашните соработници во МВР
„Искрена благодарност за пожртвуваноста, чесноста и посветеноста во работењето до мојот шеф на кабинет Митко Бојмацалиев до шефот на кабинет на заменик министерот Хисмет Синани, шефот на кабинет на директорот на БЈБ Сунчица Алексовска и шефот на кабинет на државната секретарка Јованка Андреевска.
Вашиот ангажман беше критичен за секој проект и иницијатива кои ги реализиравме. Верувам дека заедно создадовме темели кои ќе овозможат континуиран развој и успех на Министерството за внатрешни работи“ пишува Спасовски на социјалните мрежи.