За ЛДП неодговорно е однесувањето на ВМРО ДПМНЕ да предлага министри, а да не ги гласа своите предлози

Законска обврска за новоизбраната техничката влада на С. Македонија предводена од премиерот Талат Џафери е да организира фер и демократски избори, за претседател и единаесеттиот парламентарен состав. Овој чин на 141. собраниска седница заврши без пратениоците од опозициската ВМРО ДПМНЕ кои ја напуштија собраниската сала пред гласањето. Ваквото однесување на опозициската партија е неодговорно, со тоа што се предложени министри 0од ниовна страна, се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените предлози, реагира Либерално-демократската партија. ВМРО-ДПМНЕ денеска не го поддржа ниту дневниот ред на собраниската седница со единствена точка – избор на влада. -Либерално-демократската партија останува на европскиот пат ставајќи го интересот на граѓаните и на државата на прво место заедно со пратениците од мнозинството. Како партија нема да дозволиме деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери кој беше министер и носител на висока функција во периодот на нивната влада во минатото, велат од ЛДП. По двочасповна дискусија со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада. За изборот на Владата потребно беше просто мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за техничката влада но, двајцата министри назначени на нивен предлог, дадоа свечена заклетва. За опозициската партија е спорно што Талат Џафери е на чело на преодната влада.Тие обвинија дека ДУИ нема доволно пратеници, ниту број на гласови, за да се избере премиер од нивните редови.

Треба да знаете
Последни објави