Најмалку едно лице загина кога две маскирани лица нападнаа церемонија во Римокатоличката црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Нападот се случил околу 11:40 часот по локално време во населбата Сариер, на европската страна на градот, соопшти министерот на социјалните мрежи.
Истрагата за нападот е во тек.
Според министерот, едно лице кое присуствувало на црковната церемонија е убиено.
Министерот Јерликаја најостро го осуди нападот за кој се уште никој не презеде одговорност.