Израелските антивладини демонстранти се судрија со полицијата во Тел Авив на најголемиот протест од почетокот на војната во Појасот Газа. Протестот е растурен од полициската коњаница, домашниот притисок врз премиерот Бенјамина Нетанјаху постојано се зголемува. Демонстрантите бараат нови избори и упатија жестоки критики за начинот на кој се води воената операција во Газа. Тие ја осудија неможноста да се ослободат и да се вратат во своите домови израелските заложници кои сѐ уште ги држи Хамас, по нападот кој го изврши на 7 октомври минатата година.