Авион принудно слетал во Белград поради смрт на еден патник

Државјанин на Турција (59) починал за време на авионскиот лет од Германија, поради што авионот изутринава околу 4 часот и 40 минути принудно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, информираат од итната помош. Како што навеле во таа служба, на турскиот државјанин му се слошило за време на летот, па авионот принудно слетал на белградскиот аеродром, но кога пристигнала итната екипа можеле само да констатираат смрт.

Треба да знаете
Последни објави