Џафери ветува дека техничката влада ќе биде функционална и ќе работи на спроведување на успешните политики

Од 68 пратеници, со 65 гласа „за“ и тројца „против“, без воздржани, е избрана техничката Влада, што ќе ја предводи до изборите Талат Џафери. Пратениците на од опозициската ВМРО ДПМНЕ која има свои претставници во техничката влада пред гласањето ја напуштија салата. Мандатарот Талат Џафери во своето обраќање пред пратениците при барањето на поддршката вети дека ќе постапува согласно законите и дека ќе биде одговорен на функцијата технички премиер. Најави дека Владата ќе биде функционална. Пола од говорот на Џафери беше на македонски јазик, а пола на албански јазик. Џафери зборуваше дека ќе има одлични економски политики, дека ќе има владеење на правото, но и борба против корупцијата. Џафери меѓу другото рече дека составот на техничката влада го предлага согласно законот и роковите за изборите нагласувајќи дека и пред претседателот Стево Пендаровски соопштил дека ќе работи одговорно и согласно законите. -Не е битно дали се работи за техничка влада со рок од еден или 100 дена работа, ќе работам наполно професионално и нема дозволам какви било манипулации во однос на демократскиот процес. Јас и владата што ќе ја предводам ќе работиме на спроведување на успешните досегашни политики, како и согалсно стратешките определби за интеграција на земјата во ЕУ до 2030 година, рече мешу другото Џафери кој додаде дека подеднакво ќе се залага и за спроведување на економските, здравствени, образовавни и социјални потреби на граѓаните и за економски раст.

Треба да знаете
Последни објави