Променливо облачно и постудено со засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 m/h), информираше УХМР. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени. Во текот на неделава ќе се задржи слично време. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од минус 6 до 2, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 10 Целзиусови степени.

Треба да знаете
Последни објави